Огревно дрво во семеен двор на жител на улицата „Борис Кидриќ“ завршило во пламен, од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во гаснењето интервенирале припадниците на територијалната противпожарна единица Куманово и за еден час, односно во период од 14:45 часот кога бил пријавен пожарот, се до 15:45 часот, кога истиот бил ликвидиран. Во гаснењето учествувале едно противпожарно возило со тројца пожарникари.
Засега е причинета материјална штета чиј износ е непознат, а исто така непознати се и причините кои довеле до пожарот.
Loading...