Одредени пијалоци го креваат расположението, други потикнуваат агресивност

Сподели со своите пријатели

„Со векови пијалоците како румот, вотка, џин и останатите жестоки алкохолни пијалоци се поврзани со насилството и агресивноста, изјавил еден од авторите на студијата и експерт за јавно здравје при Универзитето Бангор.

Чаша црвено вино на ден за многумина е рутина, а разни прослави чест изговор за чаша, па и флаша повеќе „за расположението“. Сепак, кој е алкохолниот пијалок кој го крева расположението, а кое потикнува агресивно однесување утврдиле научниците во изтражувањето спроведено во Англија.

Се покажало дека жестоките пијалоци, кои имаат поголем удел на алкохол, почесто потикнуваат агресивно однесување кај лицата кои такви пијалоци конзумираат. Од друга страна, лицата кои пијат црвено вино почесто се со подбро расположение и со попозитивни емоции, се наведува во заклучокот.

Околу 50 отсто од испитаниците тврделе дека слично се чувствуваат и кога пијат пиво, а пиењето жестоко најретко се поврзува со чувството на опуштеност.

Во истражувањето учествувале повеќе од 30.000 испитаници на возраст од 18 до 31 година од 21 земја од светот.

Leave a Reply