Одбележана годишнина од членството во НАТО

Сподели со своите пријатели

Република Северна Македонија свечено ја одбележа третата годишнина од членството на земјата во НАТО.

Loading...

Во програмата на свеченоста присуствуваа и учествуваше државниот врв на Република Северна Македонија, членови на Владата и на Собранието, највисоките претставници на Армијата, дипломатскиот кор во земјата и многубројни други претставници и делегации од земјата и странство.

На свеченоста се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски истакна: “Горд сум што можам денеска исправено пред вас да се обратам како Премиер на земја која пред три години, токму на денешниот ден – 27 март, оствари една од нејзините стратешки цели – станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО алијансата.

Нашата национална одлука за членство во Алијансата, ги проби бариерите на партиите, религиите и народите, и не’ обедини. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за Европската Унија.”

Премиерот Ковачевски се осврна на значењето на НАТО за Северна Македонија но и за регионалното и глобално значење на Алијансата: “Да се биде НАТО, значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните.

 

Loading...

 

Да се чува нашиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности.

Поразлична перспектива на тоа колку е важна безбедноста и стабилноста ни даде бруталната неиспровоцирана воена инвазија која Русија ја врши врз Украина. Војна за каква мислевме дека европското тло нема повеќе да види.

Оваа војна, со сите свои елементи ја втурна Европа во нова безбедносна, но и енергетска и економска криза, за чие справување, солидарноста и обединетоста на НАТО беа и се уште се клучни. И токму во таа обединетост може да види визијата на сојузништвото, и зошто од оваа криза повторно ќе излеземе посилни, посплотени.”

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање посочи: “Единство и одлучност за мир, за безбедност.

Тоа е пораката под која денеска, сите заедно обединети ќе ја одбележиме годишнината од полноправното членство на Северна Македонија во НАТО – Алијансата – нашата стратешка надворешно-политичка цел цели три децении. Ќе го одбележиме и Денот на НАТО, зошто од 2020-тата година тој ден е и наш ден.

Денеска гордо велиме Ние сме НАТО, зашто знаевме да бидеме храбри, знаевме како нација да донесеме вистински одлуки, кои од оваа перспектива, биле навистина донесени во вистинско време.”

Во продолжение, министерката Петровска се осврна на воената брутална инвазијата која Русија ја врши врз Украина, и истакна: Од првиот момент Северна Македонија беше јасна. Одлучно и цврсто стоиме на ставот – НЕ за војна, НЕ за страдања, НЕ за невини жртви.

Loading...

Донесовме одлуки за помош и поддршка на суверена земја која прави сè за да се одбрани од надворешна агресија, и тоа го направивме со разум и со цел да му помогнеме на народот кој сака само да биде свој на своето, да го заштити сопствениот суверенитет на кој има полно право.”

Министерката Петровска говореше и за придонесот кон Армијата: “Ако погледнеме на нашата работа дома, нашата цел не беше да ја внесеме само Армијата во НАТО, туку и НАТО во Армијата – со опремата која секојдневно се менува, со процедурите и процесите кои се развиваат, со кадарот кој се усовршува, со условите за работа и стандардот кој го има секој професионален војник, секој армиски подофицер и офицер.

А сето ова ќе беше невозможно без раст на буџетот на одбраната. И покрај сите економски предизвици со кои се соочи Владата и министрите од економските ресори, буџетот на одбраната расте, согласно новиот нашата земја ќе го достигне НАТО критериумот од 2% од БДП алоциран за одбрана веќе следната година, додека вториот критериум за одвојување на 20% од одбранбениот буџет за опремување и модернизација веќе и го надминавме имајќи предвид дека во 2023 година, 33% од буџетот е токму наменет за опремување.”

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски во своето обраќање нагласи: „Со нашиот пристап и исполнување на сите задачи во воениот дел, покажавме дека сме сигурен и одговорен партнер, кој стандардите во обуката и интероперабилноста ги оствари многу порано од нашето полноправно членство, а кое го потврдуваме и во изминатите три години.

Со континуирана одлучност, тридецениска напорна работа и посветеност успеавме да ја оствариме и најбрзата воена интеграција во НАТО, цел која ја постигнавме за 19 месеци од нашето полноправно членство.

Успешното изодување на пристапниот пат е резултат на трудот, кој го вложија сите генерации наши припадници кои посветено следејќи ги препораките на Алијансата, ги применуваа стекнатите искуства и научени лекции од меѓународните операции и воени вежби за достигнување на потребните НАТО стандарди.“

Началникот на Генералштабот Ѓурчиновски во своето обраќање се осврна на успесите на Армијата:

„Успехот кој Армијата го достигна низ целиот овој период се огледа во она кое сега го имаме, а тоа се мобилни, професионални и ефикасни сили, способни да ја заштититат безбедноста на нашата земја и одоговорат на сите современи закани и одоговорат на сите современи закани и предизвици.

Loading...

Изразувам благодарност до сите кои ни ја даваат поддршката и ве уверувам дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата во потполност, бидејќи сме институција која постои и ќе работи за интересите на својата држава и народ.“