Времето денеска претпладне ќе биде облачно со локален слаб дожд, а на планините со слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11 степени.
Во Куманово и околината денеска можеме да очекуваме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди и минимални услови за локална појава на краткотраен и слаб дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 9-от степен, додека минималната ќе биде еден степен под нулата.
Уште денес ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на планините ќе има слаб снег, особено претпладне. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и суво освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на конвективна облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.