Длабоко во пустината Мојаве се наоѓа еден од најдобро чуваните затвори во светот – Yard A. Во него нема смртни казни, но никој од затворениците не излегол жив.
Овој прогресивен програмски објект спаѓа под надлежност на калифорнискиот државен затвор за мажи, а дом е за 600 затвореници кои служат доживотна затворска казна, без можност за помилување. Се работи за затвореници кои извршиле тешки кривични дела, како што се убиствата.
Приказната за овој затвор е раскажана низ животното искуство на тројца затвореници во документарниот филм „Да се живее или умре во Yard A “, а преимерно е прикажан во Австралија. Филмот открива како поголемиот дел од затворениците во затворот бараат нова шанса и духовно просветлување.
Еден од затворениците е Кен Харман, кој како 19-гидишник, во пијана состојба на смрт претепал друг маж. Во затворот е веќе 36 години.
– Осуден сум на доживотна казна затвор. Животот во Yard A не е ништо подобар од смртната казна, ова на некој начин е смртна казна всушност. Одовде ќе излезам дури кога ќе умрам – вели затвореникот.
Американскиот затворски систем овозможил во 2000 година затворениците кои служеле доживотна каза животот да го поминат на место каде не да доминира насилство. Yard A затворениците не го нарекуваат „двор на честа“. Тоа е единствениот експериментален затвор од ваква врска во САД, место во кое нема насилство, расни тензии, банди, илегална дрога, ниту алкохол. Оние кои се придржуваат на правилата можат да заработат одредени привилегии.
Доколку сакате да бидете во овој затвор морате да бидете ненасилни и да прифатите други затвореници без разлика на нивната раса – вели чувар во затворот Yard A.
Авторите инспирација за овој филм нашле во фактот дека бројот на затворениците осудени на доживотна казна затвор пораснал за дури 300%.
Се работи за драстичен пораст. Еден оде девет престапници се осудени на доживотен затвор и доаѓаат од Калифорнија – вели Сузан Рајмнод, една од авторите на филмот.
Погледнете го филмот и дознајте во какви услови фунцкионираат овие затвореници.