Трите сестри, Данијел, Тери-Ан и Патрисија во детството биле злоставувани од очувот, а потоа го пронашле на Фејсбук по 20 години и го довеле пред лицето на правдата.
Џејм Лотон е уапсен во авион на аеродромот „Хитроу“ откако сестрите јавиле на полицијата дека го лоцирале, после што овој педофил и силувач е уапсен и притворен.
Девојките кои 10 години ја криеле тајната една од друга конечно си признале. Ангажирале детектив кој многу помогнал да се пронајде човкот кој ги уништил нивните детства.
Тие собрале сили и излегле пред јавноста за да објаснат за какви се ужасни работи Лотон бил способен.
Џејмс ни ја одзема невиноста, ни ги зема најубавите години од нашиот живот. Бевме само мали девојчиња, но тој ја искористи шансата и на најлош сексуален начин не вознемируваше. Се уште не прогонува она што тој ни го правеше. Фактот дека е во затвор е единствената правда која ја баравме – вели најстарата сестра Данијел Махалик Меј (30).
Тери-Ан наведува дека таа дознала каде Лотон моментално се наоѓал.
– Го барав на Фејсбук и не можев да верувам дека живее во Боцвана во Африка со нова жена. Крвта започна да ми врие, не знаев дали има уште деца и дали и нив ќе ги вознемирува како нас. Се претставив лажно и започнав коверзација со него. Некако успеа да дознае кој стои зад лажниот профил, а потоа ми се јави некој доктор кој ми напиша дека Џејмс е мртов – вели Тери-Ан.
Сестрите случајот го пријавиле во полиција, а надлежните органи цели три години го следеле Лотоан, а потоа во март оваа година гу привеле на аеродромот „Хитроу“. Силувачот заработил 12 години затвор поради злоставување на трите сестри во период од 1993 до 1999.
Лотон претходно бил приведдуван, поточно во 1999 година поради сексуален напад во родната Ирска при што бил три години во затвор.
Правдата доцни, но стигнува. Се надевам дека ќе скапе во затворот и дека ќе се зигуби клучот од неговата ќелија. Тој е најниското суштество на светот, само останува надежта дека нема да се приближи на ниекое дете веќе во неговиот живот – заклучува Тери-Ан.