Облачно време со северен ветер до 70 км/час

Сподели со своите пријатели

Денес ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на моменти на места ќе достигнува брзина и до 70 км/час, а од утре ќе биде со малку послаб интензитет и ќе има краткотраен локален дожд.

Loading...

За разлика од понеделник, вторник ќе биде малку пооблачен. Облачноста ќе биде позастапена во источниот регион. Станува збор за умерена облачност, а тоа значи дека сончевите периоди нема да недостасуваат во тој крај.

Во четврток ќе има преодно стабилизирање, а од петок ќе биде потопло со услови за локален дожд.

Според УХМР, вторник ќе помине без врнежи.

Утрото повторно ќе биде свежо. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С во поголем дел од низинските места. Слаб пролетен мраз се очекува на планинските места, каде минималната ќе има вредност околу -2°С. Максимална дневна темпаратура во границите од 16°С  до 19°С се очекува долж повардарието. Котлините во источниот крај очекуваат максимална околу 15°С , додека во западниот околу 13°С.

Максималната температура околу 10°С се очекува на повисоките места.

извор:Метеопро.мк


Leave a Reply