Нудат работа на луѓе со големо искуство во пушење „трева“

Сподели со своите пријатели

Избраните луѓе ќе коментираат различни примероци марихуана и ќе пишуваат што мислат за секој вид, односно како на нив дејствувале. Сите мора да бидат постари од 21 година.

Loading...

Работата ќе ја добијат само доста искусни конзумирачи на марихуана, кои веќе знаат како реагираат поединечни видови.

Во потрага по идеални кандидати компанијата „Орегониан“ од Америка и порталот Oregon Live, објавија оглас, а по селекцијата кандидатите ќе работат од дома, односно ќе ги пишуваат своите впечатоци – како на нив дејствувале различните видови марихуана.

Нивните искуства и размислувања ќе бидат објавени на интернет, а кандидатите ќе мора да ги праќаат текстовите два до четири пати во месец. Дали ќе пишуваат додека се под дејство или не, сеуште нема така информација, но во секој случај нивните рецензии сигурно ќе бидат забавни за читање.

Во огласот за работата не се споменува колку ќе изнесува платата ниту некои други детали, освен дека кандидатиете треба да имаат повеќе до 21 годин, што е законска граница за легално конзумирање на канабис во Орегон, пишува порталот кој го објави огласот за оваа работи, а иститот подоцна ќе ги објавува овие рецензии.