Нови избори во Грција се поизвесни

Сподели со своите пријатели

Лидерот на левичарската опозиција Сириза, Алексис Ципрас денеска на средба со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу одби да го прифати мандатот за формирање нова влада.

Loading...

Тој рече дека одговорил на неговата институционална обврска да дојде и рече дека не го прифаќа мандатот, бидејќи нема можност за формирање влада, јавува ТВ ЕРТ.

Сакеларопулу, од своја страна, посочи дека „Уставот јасно предвидува континуитет“ и изрази надеж дека „следните избори ќе дадат влада“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија партија Нова демократија освои најмногу гласови на парламентарните избори во недела, изјави во понеделникот дека нема да формира коалициска влада и се надева дека ќе има нови избори на 25 јуни.

Мицотакис ова го изјави во разговор со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, која официјално му понуди можност да формира владејачка коалиција врз основа на Уставот.

Грчката владејачка партија Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на парламентарните избори во неделата, пред левичарската Сириза, која освои 20,1 отсто од гласовите, врз основа на над 90 отсто преброени гласачки ливчиња.

Социјалистите ПАСОК-Кинала предводени од Никос Андрулакис го зазедоа третото место со 11,46 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите бил 61 отсто.

Претседателот на Грција на првите три партии на изборите – Нова демократија, Сириза и социјалистичкиот ПАСОК ќе им понуди по три дена да формираат коалициска влада, пренесува Танјуг.

Loading...

Доколку партиите не можат да формираат влада, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада за да се подготви за одржување нови избори, кои потоа треба да се одржат за околу еден месец, најверојатно на 25 јуни.