Нови бесплатни испитувања за бремените жени во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Нови лабораториски испитувања за следење на состојбата на плодот за бремените жени, бесплатно се достапни за кумановки во биохемиската лабораторија во општа болница Куманово, информираа денеска од јавната здравствена установа.

-Пренаталниот скрининг е метода што овозможува следење на плодот во првиот и вториот триместар на бременоста, од десетта до четиринаесетта недела и од петнаесетта до 21 недела од бременоста. Од неомадна во лабораторијата се прават испитувања. Потребен е упат од матичен гинеколог или од специјалистите и болницата и да потенцираме дека испитувањата се бесплатни за бремените жени, изјави раководителката на биохемиската лабораторија Мевљане Исмани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово лесно против КК Ангели за 4/4 (ГАЛЕРИЈА)

Станува збор за интегриран скрининг за откривање за можноста за појава на генетски аномалии кај плодот кои ги дава матичниот или гинеколог од болницата.

Со овие испитувања, појаснуваат кумановските гинеколози се врши испитувања на плодот за можноста од појава на даунов синдром, едвардсов синдром, патау синдром (трисомија).

Испитувањата се спроведуваат преку крв, се работи интегрирано, се внесуваат податоците во софтвер кој го проценува ризикот на плодот за трите синдроми и се дава резултат кој го покажува ризикот од појава и согласно проценките се открива дали плодот е со висок или низок ризик.

Ако софтверот покаже висок ризик, тогаш дополнително, гинеколозите ги насочуваат идните мајки за други испитувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

Со новите реагенси се вршат лабораториски испитувања за хромозомски абнормалности со метод „Benetech pra – софтвер“ за пренатален скрининг, кој овозможува следење на состојба на плодот во првиот и вториот триместар од бременоста.

МИА