Мартинијан Кириловски несомнено успешно се пробива на македонската музичка сцена со својот огромен талент и амбиции.
Оваа година Мартинијан ја завршува повеќе од успешно, а во новата 2016 со својата работа нема да застане. Веднаш по новогодишната еуфорија ќе имаме можност да ја слушнеме новата песна.
Ексклузивно за Кумановски Муабети, Мартинијан ни го откри насловот на песната чиј текст го пишува самиот. „Усни како жар“ ќе биде брза песна во ориентален стил, а ќе биде пропратена и со видео запис.
Музиката и аранжманот за текстот на Мартинијан, ќе ги направи Филип Антевски, а песната активно се снима во студиото на Слаѓан Станишковски.
Инаку доколку сакате за новогодишната ноќ да ужавате со Мартинијан и неговиот бенд, тој ќе настапува во скопскиот ресторан „Олимпија“.