Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди во саботата Мјанмар.

Loading...

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 19,6482 и географска должина 96,1062.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

За потсетување, бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар во петокот надмина 1.002, додека повеќе од 2.376 лица се повредени, соопшти војската на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајланѓаните се загрижени дека земјотресот во Мјанмар ќе предизвика пад на бројот на туристи

Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките операции се во тек, јави Ксинхуа.

Земјотресот го погоди Мјанмар во петокот околу 12:50 часот по локално време, а епицентарот се наоѓа на околу 16 километри од Мандалај, вториот по големина град во земјата.