Њујорк: Килограм фентанил пронајден во градинка каде дете почина од дрога

Сподели со своите пријатели

Килограм фентанил е пронајден под подлога за спиење во дневен престој во Њујорк каде едно дете починало, а три биле однесени во болница поради предозирање со дрога, соопшти полицијата.

Loading...

Детето кое било во градинка само една недела починало во петокот, а се сомневаат дека се предозирало со дрога, јави Би-Би-Си.

Уште три деца се хоспитализирани откако биле изложени на моќниот наркотик во дневен престој во Бронкс.

Две лица се обвинети за убиство и заговор за дистрибуција на дрога.

Полицијата верува дека децата, на возраст од осум месеци до две години, вдишувале фентанил во дневната градинка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп не сака дебата за Харис додека таа не биде формален кандидат

За време на претресот на дневната градинка, еден килограм фентанил бил пронајден „под душекот каде што претходно спиеле децата“, изјави во понеделникот главниот детектив на Њујорк, Џозеф Кени.

Полицијата соопшти дека дрогата пронајдена во градинката можела да убие 500.000 луѓе.

Фентанил, синтетички лек против болки, е 50 пати посилен од хероинот, пренесува Танјуг.

Loading...