Никогаш не се женел и бил опседнат со чистење: Интересни факти за Никола Тесла

Сподели со своите пријатели

Неговиот придонес во науката долго време бил потценуван, но денес неговата работа конечно е признаена како фасцинантна и неопходна за животот кој го живееме.

Еве неколку факти од неговиот интригантен приватен живот

1. Тесла бил роден за време на бура со силни молњи

Никола Тесла е роден околу полноќ, помеѓу 9. и 10. јули 1856. година за време на бура со силни молњи. По една семејна легенда, за време на породувањето, бабицата започнала да се моли затоа што мислела дека молњите се лош знак.

Рекла дека тој ќе биде дете на темнината, на што неговата мајка рекла: „Не, тој ќе биде дете на светлоста“.

 

Loading...

 

2. Тесла верувал дека бракот ќе му ги уништи научните способности

Тесла бил привлечен маж. Со скоро 190 сантиметри височина и 65 килограми, Тесла бил згоден со темни и убави очи. Знаел да се облекува убаво и бил популарен во општествените кругови кога не бил во целост фокусиран на работата.

Не само што имал познати пријатели како што е Марк Твен, туку исто така привлекувал внимание на жите од кои многу признале дека лудо биле вљубени во него. Голем дел од љубовниот жито на Тесла е мистерија, но се знае дека никогаш не се женел.

Во својата младост, Тесла верувал дека жените се супериорни во однос на мажите и дека тој не заслужува да има жена.

Подоцна во животот започнал да го менува мислењето и мислел дека жените се обидувале да ги надминат мажите и дека се трудат да доминираат. Тој зијавил дека нежни жени кои ги почитувал се претвориле во некој што мисли дека успехот лежи во тоа да изгледаат што повеќе како мажи.

Верувал дека жртвата која ја поднел со тоа што не се оженил е голема, но никогаш немал врска затоа што наоѓал потребна стимулација во својата работа.

 

 

3. Тесла отворено ја изразувал својата аверзија кон луѓето со прекумерна тежина

Тој не бил секогаш љубезен. Понекогаш знаел да биде груб во своите мислења за другите луѓе. Кога работел во целост се одалечувал од луѓето, но кога бил активно вклучен во социјалните случувања, луѓето го опишувале како искрен и префитен џентлмен.

Многу често го критикувал изборот на облека на другите луѓе и ги враќал своите вработени да се пресоблечат. Неговата одбивност кон луѓе со прекумерна тежина секогаш најотворено ја покажувал, како во случај кога ја отпуштил својата секретарка поради нејзината тежина.

 

Loading...

 

4. Мразел бисери и се грижел за својот стил

Тесла не можел да поднесе да гледа бисери на вратот на жената во негово друштво. Таа омраза одела до таа мерка што не разговарал со жените кои ги носеле.

Кога еднаш неговата секретарка ставила бисери ја вратил дома. Никој точно не знаел зошто го прави тоа.

Познат е фактот дека имал посебен стил. Тој верувал дека доколку имаш цел да бидеш успешен, тогаш треба и да изгледаш како некој кој е успешен. Носел бели ракавици секогаш за вречера и бил горд на својот изглед.

Секоја негова фотографија била многу вниматлено правена со цел убаво да се види неговата добра страна.

 

 

5. Имал фотографска меморија и најверојатно пател од опсесивно-компулсивно пореметување

Тесла имал фотографска меморија. Тој можел да запамети цела книга или детали од слика откако само еднаш ќе ги види. Оваа способност многу му помогнала во неговите иновации.

Исто така имал моќна фантазија и способност да визуелизира работи во 3Д димензии со помош на кои успевал да ги контролира страшните кошмари кои ги имал како дете.

Тоа е само дел од она што го прави толку мистериозен и ексцентричен карактер на денешната култура.

Тесла верувал дека се потребни само 2 часа сон во текот на ноќта, иако понекогаш спиел и попладне.

Не можел да поднесе да допира влакно од коса, бил опседнат со бројот 3, го чистел секој дел од трпезаријата пред вечера, секогаш користел 18 марамици за полирање на предметите кои ги чистел, премногу се грижел за тпа што секаде има бактерии, поради што се верува дека пател од опсесивно-компулсивно пореметување.

Leave a Reply