Нетфликс ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започнал како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга.
Интересно е што оваа услуга постои до денес.
Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата.
Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Нетфликс по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга.
Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини.
Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес.
Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни.
Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Нетфликс беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови.
Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг.
Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали.
Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови.
За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година.
Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите.
Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Нетфликс ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а.
Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.