Во јуни, Јутуб објави дека, на глобално ниво, спроведува „мал експеримент“ во кој сака да поттикне мала група луѓе кои користат блокатори на реклами да ги оневозможат доколку сакаат да гледаат видео содржини од платформата.
Се чини, сепак, од тогаш до сега „малиот експеримент“ порасна!
YouTube сега најавува започнување на глобална акција која има за цел да ја „пробие“ употребата на блокатори и да ги охрабри корисниците да прифатат една од двете опции: или да дозволат прикажување реклами или да се претплатат на услугата YouTube Premium, во чии рамки рекламите не се прикажуваат.
Информацијата дојде директно до менаџерот за комуникации на YouTube, Кристофер Лотон, кој рече дека во иднина корисниците ќе се соочат со блокирање од блокаторот на реклами на YouTube, односно ќе видат порака како оваа на сликата
Најважниот дел од пораката е оваа, која гласи: „Репродукцијата на видеото е блокирана, освен ако YouTube не е на белата листа или блокирањето реклами е оневозможено“.
Како што може да се очекува, на корисникот му се дадени два избора: да дозволи прикажување на реклами или да се префрли на YouTube Premium.
Проширувањето на политиката за блокирање на YouTube беше постепено во текот на изминатите неколку недели.
Употребата на блокатори на реклами ги крши правилата за користење на YouTube, истакна Лотон:
„Рекламите поддржуваат разновиден екосистем на создавачи на содржини на глобално ниво и им овозможуваат на милијарди корисници пристап до нивната омилена содржина на YouTube“, рече тој.