Нема договор со МОН – средношколците остануваат во камп и молат за донации

Сподели со своите пријатели

Како што пред малку соопшти Средношколскиот Пленум,   само по еден час од отворањето на новиот средношколски фронт пред зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука, нивни претставници биле повикани на средба во МОН.

Loading...

На средбата не беше ништо одлучено, само беше кажано дека преговорите продолжуваат во наредните денови. Бевме замолени да го прекинеме бојкотот за време на преговорите но на веднаш потоа одржаниот генерален пленум беше ЕДНОГЛАСНО ИЗГЛАСАНО дека ќе продолжиме со бојкотот и кампувањето во новоотворениот фронт се додека нашите барања не бидат усвоени, објави Средношколскиот Пленум на својата Фејсбук фан страна.

Заради одлуката да се продолжи со кампувањето пред МОН, Средношколскиот Пленум објави молба до граѓаните кои сакаат да помогнат во нивната истрајност при кампувањето и бојкотирањето на наставата, доколку се во можност да донираат на штандот во паркот на новинари.

Како работи кои се потребни, Средношколскиот Пленум наведе потреба од вода, пластичен прибор за јадење (лажици, вилушки, тањирчиња), чаши, салфетки, влажни марамици, кафе, чај, шеќер, леб и готови лиснати, храна која не е лесно расиплива, плински боци и овошје.

Насловна: Плусинфо.мк


Leave a Reply