Како што информираат од ЕВН Македонија, поради дефект на електро дистрибутивната мрежата, без напојување со електрична енергија се неколку села во кумановско-липковскиот крај.
Станува збор за селата: Опае, Ваксинце, Лојане, Матејче и Никуштак. Екипите на компанијата се на терен и работат на санирање на дефектот, пренесува Регионалниот центар за управување со кризи.