Неколку села во општините Куманово и Липково без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, поради голем дефект на електродистрибутивната мрежа на ЕВН, повеќе места во државата се без електрично напојување.

Loading...

Неколку села во Општина Куманово и Општина Липково исто така се без електрична енергија. Меѓу нив се: Ропалце, Черкези, Умин Дол, Љубодраг  и Клечовце, Скачковце, Градиште и К’шање.

Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектот.