Неколку членки на ЕУ се против ембаргото на руската нафта

Сподели со своите пријатели

Европската унија во моментов не планира да воведе колективна забрана за увоз на руска нафта, бидејќи неколку членки на блокот се заканија дека ќе стават вето на иницијативата, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Loading...

 

Украина побара велигденско примирје, Русија одби

 

– Ќе биде многу тешко да се постигне консензус за забрана на испораките на руска нафта или за зголемување на царините, бидејќи некои членки веќе најавија дека ќе стават вето на секоја колективна одлука – изјави Борел, пренесува денешен „Фигаро“.

Весникот наведува дека, во однос на забраната за увоз на руски јаглен, за ембарго за увоз на гориво од Русија се и некои европски земји, меѓу кои Полска и Франција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

 

Украина побара велигденско примирје, Русија одби

Loading...

 

Во исто време, Германија, Австрија и Унгарија се противат, јави ТАСС.