Некои култури бакнежот го сметаат за одвратна работа

Сподели со своите пријатели

Страствениот бакнеж како начин за искажување љубов не е општоприфатена пракса, а одредени култури го сметаат за неверојатно одвратна работа.

Блискоисточните и европските култури го усвоиле овој начин на бакнување, додека подсахарските Африканци и амазонските заедници на ловци собирачи не го прифатиле.

Некои гестови со кои се искажува наклонетост веројатно се присутни во текот на целата човечка историја, но банкежот не е меѓу нив. Искажувањето љубов со страсно спојување на усните прилично е скорешен новитет во еволутивната историја на луѓето, се тврди во истражување кое го спровеле науници од Институтот Кинси при Универзитетот Индијана заедно со колеги од Универзитетот Невада во Лас Вегас.

Како се бакнуваат луѓето според хороскопските знаци?

Loading...

Страствениот бакнеж дури и не е општоприфатена пракса, а одредени култури го сметаат и за страшно „одвратно“. Според оваа, како нејзините автори тврдат, прв голема студија за „романтично-сексуалното“ бакнување, дури во 46 осто од 168 испитани култури се појавиле страсните бакнежи како дел од социјалната историја. На пример, блискоисточните и европски култури го прифаќаат тој начин на бакнување, додека подсахарските Африканци и амазонските заедници на ловци собирачи не го прифатиле.

Авторите на истражувањето, Вилијан Јанковјак претпоставува дека бакнувањето можеби е поврзано со зголеменото слободно време во социјано раслоените заедници. Кога елитите започнале да го применуваат, масите започнале да ги имитираат:

„Системот на споени садови е сеприсутен во човековата историја, а изгледа дека на луѓето навистина им се допаднало бканувањето кога еднаш веќе го откриле“.

Leave a Reply