Неделна прогноза за Куманово: Температурите повторно ќе достигнат до 38!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 35 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максумум ќе достигне до 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Концертот за 35 години независност на Македонија, утре во Куманово

Во среда ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 34 степени целзусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 37 степени целзиусови.

 

 

Петок носи уште потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 38 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Концертот за 35 години независност на Македонија, утре во Куманово

И во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 18 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне високи 38 степени целзиусови.

Недела носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 37 степени целзиусови.

 

 

Благо опаѓање на температурите носи втората половина од следната работна недела.

Никола Ивановски