Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени, а потоа драстичен пад

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Од пладневнит часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во голема акција во Куманово, МВР вчера напиша 70 казни на мотоциклисти (ФОТО)

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 31 степен целзиусов.

Среда носи променливо облачно и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 15 до максимални 30 степени целзиусови.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја повеќе локации во Куманово

 

 

Петок носи драстчен пад на температурите. Ќе имаме сончево време со слаб до умерено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 21 степен целзиусов.

Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 25 степени целзиусови.

Недела носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до 13 степени, а максималната дневна сеочекува да достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доставувач од Куманово натепан во Скопје, по што му ги украле производите

 

 

Слично време, но со температури под 30 степени, ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски