Назначен нов командант на руската Црноморска флота

Сподели со своите пријатели

Новиот командант на руската Црноморска флота, со седиште во анектираниот Крим, е Виктор Соколов, пишува агенцијата РИА.

Loading...

Соколов беше назначен на позицијата по неодамнешните експлозии во руските воени бази на Крим.

Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани

Во руската воена база кај Џанкој на Крим и денеска, ден по нападот горат пожари, а во магацинот за муниција се слушаат експлозии.

Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани.

Скај њуз објави дека нападот го извршиле украинските специјални сили кои дејствуваат во внатрешноста на полуостровот окупиран од Русија.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов денеска изјави дека пожарот се гаси со хеликоптер и дека се уште се случува детонација на муниција.

Тој додаде дека потрагата по сторителите е во тек.