Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и организацискиот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, вчеравечер беа во посета на Куманово.
Loading...
Се напија кафе со младите и разговараа за младинската невработеност и загрижувачкиот тренд на иселување. Од сите млади луѓе истото се слуша, се почесто се решаваат да ја напуштат земјата во потрага по егзистенција и достоинствени услови за живот што тука ги нема, се вели во заклучокот од посетата.
Во малите и средните претпријатија ќе инвестираме до 50 милиони евра државна помош, за разлика од власта во заминување којашто одвојува едвај 200.000 евра. Работата на домашните претпријатија ќе отвори реални работни места со пристојни плати, а тоа ќе овозможи екононски стабилни семесјтва што ќе придонесат кон економски стабилна држава. Така ќе ве задржиме вас младите дома – рече Наумов во своето обраќање кон младите кумановци.
Посета беше остварена и со жителите од селото Долно Којнаре, кои како што велат во соопштението на СДСМ стравуваат за својата иднина и за иднината на своите деца и внуци во земјава и за тоа отворено зборуваа. Загрижени се за долговите што им ги прави власта на домаќинствата, но и на државата.
Loading...
Секој ден власта ја задолжува Македонија со нови 3 милиони евра. Тоа значи дека секое новороденче се раѓа со долг од 2.000 евра. Овој вртлог од задолжувања мора да го спречиме. Ставрески почна панично да прекршува правилници за да ја задолжува државата на домашниот пазар само за да му удоволи на Груевски во неговите планови за предизборна корупција. Работиме да спречиме изборна корупција, а на оваа расипничка власт крајот се ближи – потенцираше Кире Наумов пред жителите на населбата кои со претставниците на СДСМ зборуваа за проблемите со коишто се соочуваат и за актуелната политичка ситуација во земјава.