Научниците пронајдоа изгубен континент кој лежи длабоко под Балканот

Сподели со своите пријатели

Реномираното списание „Сајенс“ објави статија за континент создаден пред повеќе од 100 милиони години, што научниците го нарекоа Голема Адрија, која се протега низ денешната област од Алпите до целиот пат кон Иран.

Loading...

Континентот потонал во големи тектонски смени, претежно лоцирани во денешна јужна Европа. Едноставно кажано, изгубениот континент на Голема Адрија лежи длабоко под Балканот.

Голема Адрија, според експертите, била формирана пред скоро една четвртина милијарда години кога се разделила од јужниот суперконтинент на Гондвана, која потоа ги одржувала заедно денешна Африка, Јужна Америка, Антарктикот, Австралија, индискиот потконтинент и Арапскиот Полуостров.

– Овој праисториски континент опфаќа области од околу 30 земји денес, од Шпанија до Иран. Во најголем дел, областа била под вода од која се испакнати серија огромни карпи, или острови – тврди Дуве ван Хинсберген, шеф на Катедрата за палеогеографија и глобална тектоника на Одделот за геологија на Универзитетот во Утрехт во Холандија.

– Медитеранскиот регион е едноставно – геолошки хаос. Сè е криво, фрактурирано и расфрлано “, рече Ван Хинсберген за Сајенс.

Голема Адриа, според неговото толкување, била дел од африканската тектонска плоча,за да пред стотина милиони години го започне своето „лизгање“ и слегнување под евроазиската тектонска плоча, односно под денешната јужна Европа.

Leave a Reply