Со максимална брзина од 3,2 маха (3.500 километри на час), Lockheed SR-71 Blackbird или „Црна птица“ е најбрзиот авион кој некогаш постоел.
Овој тип на извидничко летало било произведено од компанијата „Lokid Martin“ во шеесетите години, а повлечено од употреба пред распадот на Советскиот сојуз.
При најголеми брзини, нејзиното титаниумско тело се загревало и до температура од 480 степени целзиусови, а се дигала до височина од 25.900 метри. Пилотите носеле специјални одела отпорни на притисок кои имале астронаутски кациги.
„Црната птица“ своевремено била побрза од било кој проектил, а единствена причина поради која се откажале од неа биле преголемите трошоци за воените операции.
Од 1964 година до 1998 година вкупно биле произведени 32 вакви авиони, кои успешно преживеале над 4.000 операции.
Наследникот на оваа летало Lochkead SR-72 моментално наводно е во изградба, пишува „Бизнис инсајдер“.
Loading...