НАСА најави тестирање на мотори на нуклеарен погон до 2027 година

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на американската вселенска агенција НАСА рече дека земјата планира да тестира мотор на вселенско летало на нуклеарен погон до 2027 година, пробив кој се смета за клучен за долготрајните мисии, вклучително и испраќање луѓе на Марс.

Loading...

НАСА ќе биде партнер со американската воена агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана (ДАРПА) за развој на термонуклеарен погонски мотор, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон. Проектот е наречен DRACO (Demonstration Rocket for Agile Cislunar Operations).

„Со помош на оваа нова технологија, астронаутите би можеле да патуваат во длабоката вселена побрзо од кога било“, рече Нелсон, додавајќи дека тоа исто така ќе биде од клучно значење за мисиите на Марс.

Најавата доаѓа во време на нова нуклеарна вселенска трка меѓу САД, Русија и Кина, во која трите сили работат на проширување на нуклеарните способности во вселената, вклучително и за употреба во вселенски бродови и за напојување на лунарни колонии.

Термонуклеарниот ракетен мотор користи реактор за фисија за да создаде екстремно високи температури, загревајќи течно гориво, кое потоа се „проширува и се ослободува низ млазницата за да го придвижи вселенското летало“, според НАСА.

„Термонуклеарната ракета може да биде три пати или повеќе, ефикасна од онаа што користи конвенционален хемиски погон“, според НАСА.

Ова значи дека вселенското летало што користи нуклеарна фисија може да патува многу побрзо и со помал ризик за астронаутите.

Патување во длабока вселена

Loading...

САД долго време ја користат енергијата произведена од радиоактивен материјал во истражување на вселената, користејќи ја топлината што се создава од неговото распаѓање.

Оваа земја, сепак, не користела нуклеарна фисија, која создава енергија од расцепување на јадрото на атомот, на вселенските летала, делумно поради екстремната топлина што би се генерирала во тој процес.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) долго време го нагласува термонуклеарниот погон како клуч за понатамошно патување во вселената.

„Нуклеарната технологија долго време играше клучна улога во вселенските мисии“, рече заменик директорот на МААЕ Михаил Чудаков во февруари минатата година.

Според договорот меѓу НАСА и ДАРПА, Дирекцијата за вселенска технологија на НАСА ќе го води техничкиот развој на термонуклеарниот мотор, кој на крајот ќе биде интегриран со експериментално вселенско летало што ќе го изгради војската.

Агенцијата наведува дека САД последен пат тестирале термонуклеарен ракетен мотор во 1970-тите.