За да им помогне на домашните миленици да ги пребродат непријатните летни горештини, една компанија за породилна облека од Токио рекламира елеци со вграден вентилатор за да им помогне на кучињата и мачките да се разладат.
За да ги оладат своите миленици за време на големите горештини во Јапонија, сопствениците на кучиња сега можат да купат вентилатори за носење. Со тежина од само 80 грама, вентилаторите на батерии се прикачени на животното со мрежест елек, а уредот дува ладен воздух околу нивното тело.
Реи Узава, претседателка на Sweet Mommy, компанија за облека за трудници, вели дека дошла на оваа идеја откако видела колку и е тешко на нејзината чивава кога излегле на прошетка.
Токио го доживеа својот најдолг топлотен бран од крајот на јуни, со температури кои достигнаа 35 степени девет дена по ред, откако сезоната на дождови заврши рано.
„Оваа година речиси и да нема дождовна сезона, па жешките денови дојдоа рано“, нагласува Узава, која ги изработила овие елеци во соработка со ветеринар.
Мами Кумамото, која има минијатурна пудлица по име Пурин и териер по име Моко, рече дека за време на прошетките се обидувала да ги разлади своите миленици со пакувања со сув мраз.
„Многу е полесно да се шетаат кучињата со овој вентилатор“, изјави таа за Ројтерс.
Елекот „кул куче“ е погоден и за мачки, а се чини дека е моделиран по јакните за ладење кои се сè попопуларни меѓу градежните работници и другите работници во Јапонија кои поминуваат многу време надвор.
Побарувачката не се очекува да се намали наскоро бидејќи температурите повторно се зголемија во текот на викендот поради високиот воздушен притисок низ поголемиот дел од Јапонија. Иако за четврток и петок се прогнозира малку послабо време, се очекува дека температурите повторно ќе пораснат за време на викендот и ќе бидат околу 30 степени во поголемиот дел од следната недела.
This battery-operated wearable fan for pets, designed by a Tokyo clothing maker, will keep help dogs and cats stay cool this summer https://t.co/EPqtoqXDMm pic.twitter.com/vdMO2gNDbq
— Reuters (@Reuters) August 1, 2022