Во денешниот напад на израелско беспилотно летало во близина на градот Шакра на југот на Либан, две лица загинаа, а уште три се ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти либанската цивилна одбрана, пренесува Ројтерс.
Loading...
Спасувачката служба не соопшти дали загинале борци или цивили.
Тоа беше првиот смртоносен израелски напад врз Либан по, како што рече Израел, ракетниот напад на Хезболах во саботата, во кој загинаа 12 лица во Голанската висорамнина окупирана од Израел.
Хезболах негираше вмешаност во нападот.