Сподели со своите пријателиВо Крушево и на планинскиот превој Стража има намалена видливост поради магла. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека во Крушево видливоста е намалена до 100 метри, а на Стража од 20 до 40 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по местимично влажни коловози. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. /МИА 2018-02-24