Жена која носела накит вреден 3,5 милиони евра, кој златарските куќи и го позајмите за настапот на пејачката Рита Ора на филмскиот фестивал во Кан, го заборавила во торба во авионот.
Скапоцениот накит се вратил во Лондон, каде е и пронајден, рекол полициски извор за Франспрес.
Кога на 16 мај излегла од авионот во Ница, жената задолжена да го пренесе накитот за Рита Ора сфатила дека го заборавила рачниот багаж и мантилот во авионот.
– Само некој со глава во облавит еможе да заборави повеќе милиони во авион, се пошегувал еден полициски службеник.
Според тој службеник, торбата била вратена на лондонскиот аеродром „Лутон“, од каде компанијата го проследила на аеродромот „Хитроу“, каде сопствениците на накитот ги репземале своите скапоцености.