НАЈСТРАШНИОТ МОТЕЛ ВО СВЕТОТ: Луѓето велат дека духови ги прогонуваат гостите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тематски уредениот мотел среде пустината Невада важи за најстрашен американски мотел.

Мотелот „Кловн“ е како сцена од хорор филмот „То“, за кловнот убиец Пенивајзу.

Како некој да ги собрал сите кловнови кои некогаш се појавиле во хорор филмовите и ги сместил во овој мотел. Од многу мали наредени долж полиците, па се до оние со големина на човек. И сите се многу страшни.

Со децении во мотелот „Клвон“ доаѓаат возачи на камиони, но и туристи кои минуваат по автопатот „95“ во Невада.

https://instagram.com/p/BaQDBNSDCSj/?utm_source=ig_embed

Loading...

Откако ќе се доближите до мотелот на паркингот ќе ви се прикаже огромен знак, секако во форма на кловн, а веќе во лобито ќе ви биде јасно за што станува збор.

И покрај својата застрашувачка природа, мотелот има исклучително позитивни оценки и коментари на сајтот. Голем број посетители овој мотел го оцениле како многу добар.

Ноќевање на 50 метри височина: Единствениот хотел воздух (видео)

„Чуден, но пристоен“, „Доколку имате фобија од кловнови, ова место дефинитивно не е за вас“, се само некои од коментарите кои можат да се прочитаат.

Она што особено е застрашувачко е дека покрај мотелот се наоѓаат гробишта па така погледот станува уште „поубав“.

https://instagram.com/p/BSAEDLAFxaf/?utm_source=ig_embed

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Се работи за гробишта кои постојат од 1901. година, а освен жртвите од епидемија на чума од 1902. година, тука се погребани и рудари кои починале во пожар во градскиот рудник во 1911. година. Се верува дека духови од гробиштата го прогонуваат хотелот.

https://www.instagram.com/p/Bj6g2_KF51J/?utm_source=ig_embed

Дури и екипата на емисијата „Авантурите на духовите“ биле повикани да ја истражат целата ситуација, откако е регистрирана „ненормална доза на паранормални активности“.

Собарката Андреа Селиг, во една прилика изјавила дека чувствувала непријатност во сите соби од моетелот и видела како вратата се затвораат сами, пишува Simplemost.com.

https://www.instagram.com/p/BkLJBz2neWq/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply