Најстарата жена во Германија почина на 114-годишна возраст

Сподели со своите пријатели

Најстарата жена во Германија, Шарлот Кречман, почина во дом за стари лица на 114-годишна возраст, објави денеска Stuttgarter nachrichten.

Loading...

Според извештаите, таа починала во вторникот во градот Кирххајм унтер Тек, а со исклучок на нејзините внуци Јирген и Питер, таа ги надживеала сите членови на нејзиното семејство.

Родена е на 3 декември 1909 година во Вроцлав, денешна Полска.

Кречман имала 24 години кога Адолф Хитлер дошол на власт во Германија, 51 кога бил изграден Берлинскиот ѕид и 80 кога паднал, истакнува германскиот весник.

Таа имаше активна страница на социјалната мрежа Инстаграм, каде ја следеа 14.500 луѓе, а последната објава датира од 29 март.

„Што повеќе би можеле да побарате од чаша добро вино, одлична храна и семејство околу вас“, праша Кречман во објавата.