Најмалку три лица загинаа во земјотресот во Бангладеш

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа во земјотресот што го погоди Бангладеш утрово, објави Ројтерс.

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) претходно денес објави дека земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погодил земјата.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, објави агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Торба под седиштето и куфер до 7 килограми бесплатно: Се менуваат правилата за летови во Европа!