Најмалку 43 загинати во лизгање на земјиштето во Венецуела

Сподели со своите пријатели

Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето одрон во северна Венецуела, а повеќе од 50 се водат како исчезнати, изјави во вторникот потпретседателката Делси Родригез.

Loading...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пак, рече дека потрагата по преживеани ќе продолжи по саботното лизгање на земјиштето во градот Лас Техеријас, околу 50 километри југозападно од Каракас, ветувајќи дека неговата влада „ќе го обнови овој прекрасен регион“.

Уништени се повеќе од 300 куќи, а стотици се оштетени.

Обилните дождови донесени од бурата Јулија, која ја погоди Никарагва како ураган во текот на викендот, предизвикаа излевање на неколку реки, рече Родригез, а пренесе венецуелската телевизија Телесур.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година

Тропската бура Јулија предизвика лизгање на земјиштето и поплави во Централна Америка, при што загинаа најмалку 25 луѓе.