Најмалку 40 лица загинаа во невремето во Авганистан, 350 се повредени

Сподели со своите пријатели

Во обилните дождови на истокот на Авганистан загинаа најмалку 40 лица, а околу 350 се повредени, соопштија талибанските власти.

Loading...

Портпаролот на авганистанското Министерство за јавно здравје Шарафат Заман Амар потврди дека 40 лица загинале во невремето во понеделникот, а 347 повредени се пренесени на лекување во Регионалната болница Нангархар од Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и околните области.

Меѓу жртвите има и пет членови на едно семејство, кои загинаа кога се урна покривот на нивната куќа во областа Сур Род, изјави портпаролот на провинцијата Седикулах Кураиши.

Повредени се уште четворица членови на ова семејство, пренесува АП.

Околу 400 куќи и 60 столбови за струја се уништени низ провинцијата Нангархар, додаде Кураиши.

Струјата беше прекината во многу области, а комуникациите во градот Џалалабад беа ограничени, додека целосниот обем на штетата се уште се проценува.

Одделно, авганистанските медиуми објавија дека најмалку 17 лица загинале, а 34 се повредени кога автобус се превртел на главниот автопат што ги поврзува Кабул и Балх во северната провинција Баглан рано утринава.

Причината за несреќата се уште не е позната, но слични инциденти често се случуваат во Авганистан поради лошите услови на патиштата и невнимателното возење, наведува АП.

Loading...