Најмалку 3.020 луѓе убиени во Либан од март

Сподели со своите пријатели

Најмалку 3.020 луѓе се убиени во Либан од 2 март во судирите меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека судирите продолжиле и покрај договорот за прекин на огнот и дека 292 жени и 211 деца се убиени од 2 март, објави Скај њуз.

Судирите меѓу Израел и Хезболах започнаа на 2 март, два дена откако САД и Израел го нападнаа Иран, по што либанската милитантна група нападна израелска територија.

Како одмазда, Израел започна напади врз јужен Либан и главниот град Бејрут, како и други области.

Во меѓувреме, Хезболах се спротивстави на притисокот од либанската влада да се разоружа.

Повеќе од еден милион луѓе се раселени поради борбите во Либан.