Најголемото британско семејство има многу работа, нивните деца имаат деца, а тие самите го имаат најмалото дете кое има само три години.
Семејството ќе стане уште поголемо.
Британската двојка Сју и Ноел Редфорд истакнуваат дека се зависни од раѓање деца – сега нивната книга „The Radfords: Making Life Count“ стана бестселер на Amazon.
View this post on Instagram
Книгата се искачи и на второто место на листата на бестселери на Sunday Times.
„Ние не само што бевме зависни од љубовта за време на нашиот долг и среќен брак – главно бевме зависни и од раѓање деца. Што се однесува до зависноста, мислиме дека беше прилично здрава бидејќи не беше мотивирана од ништо друго освен љубов. Со љубов еден кон друг и љубов за раѓање деца“, изјавија тие.
Радфордови нагласуваат дека се горди на фактот што се најголемото британско семејство.
View this post on Instagram
„Меѓутоа, тоа не беше планот. Навистина, гледајќи ја големината на нашето семејство, можеби ќе помислите дека воопшто немало никакво планирање“, искрено изјавија тие, додавајќи:
„Како всушност завршивме со 22 деца, наместо трите за кои првично размислувавме, се е објаснето во книгата, како и многу други работи“.
Кога ја прашаа за можноста за 23-то бебе, мајката Сју рече дека мисли дека сега навистина е доволно.
Меѓутоа, сопругот искоментирал дека многу пати кажале такво нешто и детето повторно се случило.
View this post on Instagram
„Конечно спиеме, нашата најмлада Хајди има 3 години. И повеќе не треба да се грижиме дали децата ќе ги подигнат работите од подот и ќе ги стават во уста“, рече Ноел.
Но, додека парот нема повеќе планови за свои деца, Сју и Ноел, кои моментално имаат 10 внуци и глумат во нивното шоу „22 Kids & Counting“, се отворија за проширување на своето семејство.
„Ноел и јас нема да имаме повеќе деца, но се надеваме дека ќе броиме внуци уште многу години“, вели Сју.
Сју и Ноел се надеваат дека еден ден ќе имаат до 70 внуци.
View this post on Instagram
„Мислам дека реално би можеле да бидат најмалку 40 внуци. Иако може да заврши многу повеќе – можеби 60 или 70, можеби. Моментално имаме 10 внуци“, изјави Ноел.
Што се однесува до правнуците, вели Сју, тоа може да биде само претпоставка.
Едноставно не знаете како ќе се одвива животот на вашите деца, кој ќе сака деца, а кој не“, вели чесната мајка.
Тие веруваат дека никогаш не се знае кој колку деца ќе има, но се гордеат со нивната ќерка Мили, која рекла дека нема да има ниту едно дете, но сега веќе има три, пишува The Sun.