Наградите за подвигот на 9 мај изостанаа, но не и храброста на ТППЕ Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Со скромен прием за посетителите, денес во зградата на Територијалната противпожарна единица на Куманово, беше одбележан 20 мај, Ден на пожарникарството.

Loading...

Поради неодамнешните немили случувања во градот, ТППЕ Куманово ова година ги изостави традиционалните показни вежби за граѓаните, бидејќи, како што велат, не е време за еуфорично претставување.

 

[huge_it_gallery id=”53″]

 

Сместени во зграда која датира од раните 60′ години од минатиот век, на својот празник, кумановските пожарникари се пофалија со реновирани спални соби, нови тоалети и кујна, реконструрирани со средства од општината, но и вредните раце на пожарникарите, кои сами ги завршија сите градежни работи на горниот кат од зградата на ТППЕ Куманово.

ТППЕ ова година бележи 184 интервенции, со очекување на зголемување на интервенциите, со оглед дека доаѓа период на летните горештини, вели Дејан Илиевски, командир на противпожарната екипа од Куманово.

– Имаме 28 редовно вработени пожарникари и сезонски пожарникари, што можеби како бројка не е доволно, но, ние се снаоѓаме на најдобар можен начин. Тоа што навредува повеќе е тоа што нашите вработени не беа спомнати дека воопшто учествувале во помагање на терен за време на вооружените дејства во Куманово, вели Илиевски.

Loading...

Со донација на нови перници од приватна фирма од Куманово, и нови душеци од средства од општинскиот буџет, пожарникарите велат дека се задоволни од новите услови за работа, со оглед дека законските норми за работа во ноќна смена наложуваат задолжителен одмор од 23 до 5 часот наутро.

Мирко Колевски, пожарникар со најдолг работен стаж во ТППЕ Куманово, вели дека секоја работа која се работи со љубов, не е тешка да се сработи.

– Иако не немаме многу опрема и не сме целосно обучени, ние даваме максимум да делуваме на терен и да спасиме човечки животи, вели Колевски.

Почнав како сезонски работник и останав во ТППЕ Куманово, бидејќи ми се допадна тоа што ова работа е пред се` хумана и се работи за спасување човечки  животи, вели Стефан Крстевски, најмлад пожарникар од Куманово.

На денот на пожарникарството, освен убавите моменти од работата, пожарникарите ги споделија своите искуства за време на вооружените напади на 9 и 10 мај.

Loading...

– Никој освен кумановските медиуми, не спомна за нашиот подвиг, и изостанаа наградите за нашиот труд. Таму бевме без панцири, без ништо, и спасивме 20 жени и деца, но, никој не се сети на нас, велат Даниел Илиевски и Бојан Цветковски, пожарникари кои беа на работа за време на вооружените напади.

Кумановските пожарникари, иако работат во скромни услови и често се изоставувани од било каква помош и донации од централната власт, велат дека нивната храброст во извлекување на луѓе од бунари, сообраќајни незгоди, пожари и останати елементарни непогоди е немерлива во споредба со изоставување на доделување награда, па макар и јавна пофалница за нивниот ангажман за време на вооружените дејства во нас. Тоде Мендол.

Leave a Reply