Над 500 загинати во циклон во Африка

Сподели со своите пријатели

Циклонот Фреди уби повеќе од 500 луѓе во Малави, Мозамбик и Мадагаскар откако падна на копно минатиот месец, што ја прави една од најсмртоносните бури што го погодиле африканскиот континент во последните 20 години.

Loading...

Циклонот трае повеќе од еден месец и може да биде најдолготрајната бура досега, а исто така собори рекорди по интензитет, пренесува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека циклонот Идаи уби повеќе од 1.000 жители на Мозамбик, Зимбабве и Малави во 2019 година, што го прави најсмртоносниот циклон што ја погодил Африка од 2000 година.

Тропската бура Динео го погоди Мозамбик во 2017 година и предизвика големи поплави во Зимбабве, при што загинаа околу 250 луѓе, а речиси 2.000 останаа без покрив над главата.