Над 370 казни за една недела напишала полицијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани биле над 370 возачи по различни основи.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, најголем дел од казните, вкупнп се за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

Изречени биле 24 казни за управување возило без возачка дозвола, 30 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 6 за нерегистрирано возило.

Вчера пак, на подрачјето на Крива Паланка била спроведена акциска контрола при то биле санкционирани 37 возачи, од кои кај еден возач во населено место каде максимална дозволена брзина е 50, утврдена е брзина на движење со 129 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

Сообраќајните контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски