Над 150 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во Етиопија

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои загинаа во лизгање на земјиштето во Етиопија се зголеми на 157, соопшти денеска државен претставник.

Loading...

„Потрагата сè уште трае. Областа е многу предизвикувачка. Досега пронајдовме 157 тела и веруваме дека бројот ќе се зголеми“, изјави за Ројтерс шефот на Националната агенција за одговор при катастрофи, Маркос Мелесе.

Претходно беше соопштено дека бројот на жртви е 55.

Локалниот функционер Дагмави Ајел изјави дека меѓу жртвите има мали деца и бремени жени, пренесува АП.

Повеќето од жртвите вчераутро биле затрупани од одрон од кал, а пет лица биле спасени.

Како што е наведено, се очекува бројот на загинати да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции.

Одроните се вообичаени за време на сезоната на дождови во Етиопија, која започна во јули и се очекува да трае до средината на септември.