На ”Малински фото фестивал” изложени 300 фотографии низ Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Фото клуб ”Куманово” денес беше отворен вториот Меѓународен Фестивал на уметничка фотографија „Малински Фото Фестивал“.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”67″]

 

Кумановчани има можност да разгледаат околу 300 фотографии изложени на неколку локации во градот, како НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, Уметничка Галерија, Театар Куманово, Кафе бар ”Галерија” и останати локации.

На меѓуклупската изложба „Круг“ во НУКЦ „Трајко Прокопиев“ – Куманово, изложени се 51 од најдобрите фотографии на членовите од Фото клуб Куманово и Фото кино клуб Битола.

Во „Касапски круг„ во кафе бар изложени се над 80 минијатури. Во холот на Центарот за култура изложени се фотографии на ученици. Клупската изложба ќе биде репрезентирана во Уметничката Галерија.
Самостојни изложби ќе имаат Зоран Ѓорѓевиќ фотограф од Србија и Предраг Поповски од Македонија.

Loading...

Шест фото проекции беа прикажани во фоајето на Театар Куманово, каде беа претставени проекциите на Лили Марковиќ од Србија, Хулки Муради од Турција, Риланд Хоџа, Александар Наумчевски и Кирил Штрков од Македонија и Ахмед Абдулазим од Египет.