Двајца припадници на косовската полиција во северниот дел од Косовска Митровица, кои се приведени поради сомнение дека недоволно го заштитиле местото на убиство на Оливер Ивановќ, биле од српска националност, а Основното јавно обвинителство побарало притвор до 30 дена, изјавил за приштинска „Газета експрес“ обвинителот Њази Реџа.
Магазинот наведува дека се приведени Д.М. (48) и Ж.Ј. (48), а дека при претресот е пронајден пиштол ТТ со две рамки и девет куршуми калибар 7,62мм, кои ќе бидат користени во понатамошната постапка.
Косовскотп обвинителство соопштило дека во Митровица поднеле барање до надлежниот суд за одредување притвор од 30 дена за притворање на припадниците на косовската полиција.
Косовската полиција соопштила дека донела одлука за нивна суспензија до завршување на истрагата.
Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, убиен е на 16. јануари пред седиштето на партијта во Северна Митровица.