На изборите во Финска доминираа жени

Сподели со своите пријатели

Жените доминираа на неделните парламентарни избори во Финска.

Loading...

Победник на изборите е Петери Орпо од Националната коалициска партија со 20,8 отсто освоени гласови во неделата, а на второ место е лидерката на Финската партија Рика Пура со 20,1 отсто од освоените гласови, објави Еурактив.

Самата Пура доби 42.589 гласови и стана најпопуларниот кандидат во земјата во последните 75 години.

На второ место беше премиерката во заминување Сана Марин од Социјалдемократската партија (СДП), со 35.623 гласови од нејзиниот роден град Тампере и околината.

Нешто помалку од нив добила ѕвездата во подем и заменик-претседател на Националната коалициона партија (НКП) Елина Валтонен од изборната единица во Хелсинки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Таа со 32.406 гласови доби поттик да ги оствари министерските аспирации во идната влада, а и се зголеми кредибилитетот како можен иден претседател на партијата која никогаш не ја водела жена.

И Ли Андерсон, претседател на Левиот сојуз и министер за образование на владата во заминување, доби силна поддршка.

Таа заврши како шеста најпопуларна кандидатка во земјата со 18.122 гласа, но тоа не ѝ помогна на нејзината партија, која доби скромна поддршка од 7,1 отсто од гласачите.

Loading...

Во новиот парламент на Финска, кој има 200 пратенички места, 46 отсто од пратениците се жени, пренесува Танјуг.