Министерството за внатрешни работи на Република Македонија преку соопштение објавено на официјалната веб страна, информираше дека од денес се воведува нов систем на комуникација со медиумите, со отварање на нова е – маил адреса која ќе биде администрирана преку Секторот за односи со јавност и протокол.
Медиумите преку адресата [email protected] наменета исклучиво за електронска комуникација, ќе може да добијат подробни информации за одреден случај од нивен интерес.
Новото правило доаѓа само на неполни две недели, откако Секретаријатите за внатрешни работи преку писмена телеграма беа известени за префрлање на комуникацијата од локално на министерско ниво, со обраќање до личната е- маил адреса на раководителот на Секторот за односи со јавноста.
Во прилог на информацијата за комуникации со МВР, кумановските медиуими и новинари во изминатите неколку години се најдоа во вистинска комуникациска замка, откако СВР Куманово немаше назначено лице за односи со јавноста, па целата комуникација се одвиваше преку лице од Секторот за аналитика.