Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за вчерашната експлозија која околу 18 часот се случи во стан во зграда лоцирана на улицата „Октомвриска револуција“ притоа потврдувајќи дека станува збор за експлозија на плинска боца која била во кујната над електричниот шпорет.
Од експлозијата настанало оштетување на станот, како и оштетување на околните станови. Од експлозијата нема повредени лица. Од страна на Територијалната противпожарна единица -Куманово пожарот е локализиран.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител, увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово и екипа на антитероризам при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.