Вкупно 2.212 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени на странските државјани во последните 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупната бројка на издадени потврди 439 се издадени на деца бегалци придружувани од своите родители или старетели, додека 11 биле самостојни носители на потврдата. Најголем дел од потврдите се издадени на возрасни мажи и тоа 493, додека жените биле во нешто помал број, односно 439.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 713 државјани на Сирија, потоа на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак, со што бројката на вкупно издадени потврди од почетокот на годинава достигна 83.188.
До Секторот за азил во последното деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.