Во изминатите 24 часа на територијата на Република Македонија влегле вкупно 2.300 странски државјани на кои им биле издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Забележително е што бројката на мажите и децата кои добиел потврди не се разликува драстично, односно 953 мажи, а 852 деца придружувани од родител или старател добиле потврди, додека само 495 жени се на листата на регистрирани бегалци.
Споре државјанствата најголем дел од нив се од Сирија и тоа 1.441, додека нешто помалку од Авганистан и ирак односно 495 Авганистанци и 364 Иранчани.
Заклучно со вчера, од почетокот на годината бројката на издадени потврди изнесува 35.917, каде повторно најбројни се Сиријците.
Во текот на измиантите 24 часа нема поднесено барања за признавање право на азил.